ХАМИЛТОН СО НОВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА И НОВ РЕКОРД НА ПАТЕКАТА СПА


Луис Хамилтон го имаше попладнево најбрзиот круг на патеката Спа, каде утре се вози трката за Големата награда на Белгија. Со ова британскиот возач во болидот на Мерцедес ја освои 93-тата пол позиција во својата криера и тоа поставувајќи нов рекорд на патеката со време од 1:41.522 минути. Покрај него во првиот стартен ред ќе биде клупскиот колега Валтери Ботас, додека од вториот започнуваат болидте на Ред Бул односно Макс Ферстапен и Даниел Рикардо. Нов дебакл доживеа Ферари чии возачи Шарл Леклер и Себастијан Фетел ќе стартуваат од 13 и 14 место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста