Функцијата влијае на расположението на Димитров: Како министер не сметаше бугарската агресија, но откако го избркаа стана „освестен патриот“

Убавината на функционерската позиција влијае врз расположението на еден човек. Ова можеме да го заклучиме ако го видиме примерот со Никола Димитров. Додека беше министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, не му пречеа политиките во однос на спорот со Бугарија, кога му ја одземаа функцијата, се промени се.

Од пофалби колку европски сме постапиле со потписите на Заев и Димитров, до кажување колку штетни последици донел договорот за Македонија. Во 2017-та Димитров од позиција прв дипломат, ја повикуваше опозицијата да го поддржела овој договор, со цел напредок кон ЕУ.

-Има тука и еден внатрешен предизвик, како што овие денови е очигледно, а тоа е дали ќе успееме како општество да се обединиме околу овие реформи и да се обидеме сите заедно да ја искористиме шансата, изјави Димитров на 19.07.2017-та.

На денот кога договорот без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ беше ратификуван во Собранието, Димитров се фалеше колку сме растеле со неговата ратификација.

-Со договорот и двете држави растеме, даваме сигнал дека и во нашиот регион можеме да се однесуваме европски. Договорот ги покрива најбитните национални интереси на наша страна, ги покрива интересите и на бугарска страна, изјави Димитров на 15.01.2018-та.

Додека беше во власта, не сакаше ниту да ги критикува бугарските колеги кои исрпаќаа жестоки провокации кон Македонија. Ги правдаше дека тоа било дел од предизборниот фолклор, односно кампањата во Бугарија во тие моменти.

-На некој начин очигледно е или многу аргументи има дека се работи за предизборен фолклор. И колку поголема реакција предизвика ова кај нас, на македонскава страна, толку поголем ефект ќе има, може и тоа било идејата, не знам што е. Важно е да сме внимателни и во тоа што го зборуваме и во тоа што го објавуваме на социјалните мрежи, изјави Димитров на 09.03.2021-ва.

Сепак во еден момент кај Димитров се промени се. Одлуката на Димитар Ковачевски да не го земе во неговата Влада, го згасна европскиот оптимизам кај Димитров и тој преку ноќ почна да говори дека договорот со Бугарија бил предавство и голема штета за Македонија.

-Немам целосна доверба во министерот за надворешни, доскорешниот, еве уште еден или два или три дена колега, во однос на ова прашање, изјави Димитров на 12.01.2022-ра.

Македонија многу пред Димитров да ја загуби функцијата ги знаеше бигарските позиции и барања, а токму Димитров истите ги преговараше со официјална Софија, а тогаш и беше многу потивок. На прашањето на Алфа од пред речиси една година- зошто овие ставови не ги кажувал додека беше на позиција, реши да не нападне. Дури 30 пати говорел негативно за преговорите со Бугарија, дури и ни понуди да ни прател материјали, кои како медиум се уште ги немаме добиено.

-(Ние ги знаеме барањата на Бугарија веќе подолго време, тоа не се од пред месец-два, вие бевте на позиција, на власт до пред половина година кога преговаравте со Бугарија, зошто овие работи не ги говоревте претходно ги говоревте сега?) Ги говорев, можам да ви пратам листа од 30 интервјуа и малку ја вртите темата, темата не сум јас, темата е исклучително поважна за нацијата во моментов. Инаку, ако сакате со мене да се бавиме, ќе ви пратам 30 интервјуа и мојата работа се гледа во предлозите што доаѓаа, изјави Димитров на 20.06.2022-ра.

Инаку, Никола Димитров кој сега е силен критичар на надворешната политика на актуелната Влада е токму човекот со чиј потпис името Македонија замина во историјата. Тој и Никос Коѕијас, со покротивелство Зоран Заев и Алексис Ципрас, го потпишаа Преспанскиот Договор кој само ја охрабри Бугарија дека и таа може да добие многу, откако увиде што се и беше дадено на Грција.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста