Францускиот предлог пред пратениците најверојатно в четврток, ќе одлучуваат на невидено?!

Следната недела, најверојатно четврток францускиот предлог ќе биде ставен на разгледување на пленарна седница пред пратениците, брифираат собраниски извори за Алфа. Собранискиот спикер Талат Џафери нема најава кога би ја ставил оваа точка на дневен ред, но нашите информации велат дека прво ќе се оди на тоа да помине седницата за ребалансот на буџетот која е закажана за во понеделник, а која може да трае најмногу пет дена.

Потоа би се свикала посебна седница за рагледување на францускиот предлог. На редовната коордонација со пратеничките групи во понеделник Џафери ќе донел конечна одлука за свикување на седница, а поканет бил и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

-В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, вели Џафери.

На сајтот на Собрание нема конкретни детали што конкретно е доставено до собраниските служби. Иако беше најавено дека целиот процес ќе бил транспарентен , објавена е само информацијата на владата за предлог преговарачката рамка срочена само на три страни и известувањето на Џафери до пратениците дека е пристигната владината информација.

Иако ветено во комплетот на испратени документи јасно е едека го нема билатералниот протокол кој македонската влада го крие како најголема државна тајна.

Без да донесе макар и мислење на владината седница владата само ја проследи информацијата за преговарачката рамка . Власта одлучи наместо таа да носи одлука по ваквиот за Франција „компромисен предлог“ одговорноста да ја префрли врз Парламентот кој треба донесе заклучоци за тоа дали владата да го прифати или одбие предлогот.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста