Францускиот предлог контра собраниската декларација

Собранието ги постави македонските црвени линии со резолуција и секое отстапување од нив, ќе мора повторно да биде одобрено од пратениците. Можеби затоа Ковачевски најави дека последна фаза на францускиот предлог е тој да го мине пратеничкиот филтер. Инаку, македонскиот законодавен дом во обврзувачкиот документот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а усвоен со консензус, под наслов „Резолуција за утврдување на македонските државни позиции“ ги исцрта црвените линии за преговорите со Бугарија, помеѓу кои се

– Безрезервно почитување на сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, кое што се однесува на македонската нација.
– Во делот за јазикот и идентитетот пишува дека се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика и историографија, според кои што
– Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, додека пак македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет.

Дополнително, резолуцијата ја обврза владата и државните органи за надворешна политика на безусловно почитување на слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, како и почитување на меѓународните конвенции и повелби за човековото право на само-определување.

Засега, се уште не се знае што подразбира премиерот Ковачевски под терминот „Консултации“ со собранието, и дали владата ќе се обиде да го заобиколи законодавниот дом, доколку францускиот предлог се коси со нашата резолуција и македонските црвени линии.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста