Фракционерите бараат одговор од Груби колку чини, кој ја платил и од каде толку пари за манифестацијата во Чаир

Митингот на ДУИ, е само спектакл за да се демонстрира моќ на партијата, вака дел од аналитичарите го коментираат собирот на граѓани на интегративците кој беше со скапи пејачи, осветлување, огномети.  Аналитичарот и поранешен министер за финансии Хајредини вели дека не е нормлано да се прави таков скап настан во денешнава беспарица се со цел да се мерат силите внатре во партијата.

  • Не е вистина дека не е спорно и дека е нормално. Тоа е еден специфичен феномен што се случува за некоја партија да прави таков пиар митинг и тој да биде заради рааскол во самата партија. Прават ама ја напаѓаат другата партија, ривалска, опозициска, на власт. Ова прв пат се случува како политички феномен заради неслагањата внатре во партијата коментира Џевдет Хајредини – аналитичар.

Хајредини се осврна на фактот зошто ДУИ го прави тоа што го прави перидов, односно како што вели тој агресивната пиар кампања.

Она очигледно има сила, зошто нашла село без кучиња со Ковачевски и Заев. Ковачевски имаше изјави дека и тој правел таков митинг во Скопје, го слушавте Ковачевски, нормално е тоа и јас правев 10 такви митинзи..Кога, каде правел? Он е одушевен да го имитира Али Ахмети. Он сега има сила затоа што ги фатил сите конци на власта, вели Џевдет Хајредини – аналитичар.

И фракцијата на партијата од Мала Речица реагира на трошењето на огромни партиски пари за организација на такви манифестации. Како виновник го посочија Груби.

Тоа беше еден концерт, и тука се поставува прашањето како ја плаќа естрадата , зошто тоа се скапи пејачи, а тој цело време носи такви како ….. кои имаат скапа цена да одат по концертиве и не ми е јасно од кај ги плаќа тие. Повеќе тоа беше концерт од Артан Груби за да демонститра дека има легимитет и сила во Чаир, рече Изет Меџити – фракција на ДУИ.

А не реагираат само фракционерите и дел од аналитилчарите, митингот во Чаир беше повод да реагираат и дел од партиите од албанскиот политички блок.

  • Помина уште една скапа приватна забава на ДУИ. Се потврди по кој знае кој пат дека Чаир е на чаирчани, а не на ДУИ, а најмалку пак на Артан Груби.Додека Албанците едвај сврзуваат крај со крај, додека цели семејства секојдневно си заминуваат од земјата барајќи чаре во туѓина, ДУИ е фокусиран исклучиво на задушување на внатрепартискиот револт., велат од Алтернатива

Митингот на ДУИ беше најавуван со слоганот Да, тој доаѓа, ама кој доаѓа на митнингот не се кажа.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста