„Фокус“ – кој преговарал со турската компанија во име на градоначалничката Арсовска и како таа можела да знае што има во затворените понуди?

Блиска роднина на градоначалничката Данела Арсовска, наводно преговарала со турската компанија за тендерот за пречистителна станица, објави неделникот „Фокус“. Според нивните информации Арсовска настојувала Турците да го добијат тендерот бидејќи знаела дека тие (турската компанија) имала пониска понуда од останатите пријавени на тендерот. Дилемата дали и од каде Арсовска знаела за точната сума, останува неразрешена.

Првичните информации се дека Арсовска „навивала“ за турската фирма да го добие тендерот за пречистителната станица, бидејќи според опозиционерите, таа тврдела дека тие имаат пониска понуда. Од каде се знаат тие информации, кога понудите воопшто не се отворени?! Нашите извори тврдат дека Турците уште претходно се наметнувале да го земат тендерот, со тоа што уште пред неколку години, во една пригода доставиле непристојна понуда но биле одбиени. Блиска роднина на Арсовска уште пред да пукне скандалот, со Турците преговарале за бизнис-зделката, но сега, по последните случувања, работата баш не оди како што е замислена. Посебно што сето тоа доби и голем одѕив во јавноста, пишува Фокус.

Овие сомнежи за работата на Арсовска се појавија уште на почетокот на кавгата помеѓу градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш потоа тензиите пораснаа, обвинувањата се зголемија, оставки се поднесоа па и официјално прекина нивната соработка. Сепак, од кабинетот на Арсовска ги демантираа информациите дека имало какви било средби во врска со соминтелната постапка.

Ниту градоначалникот, ниту Советот на Град Скопје имаат добиено информација кои биле понудувачи во оваа постапка, ниту имало средби во врска со оваа постапка, но загрижува фактот што од ВМРО-ДПМНЕ се детално информирани за постапката, која според нивни кажувања е доверлива и никој не би требало да има информации. Се користат со манипулации во недостиг од аргументи, додека во интерес на вистината веќе постапуваат надлежните институции – велат за „Фокус“ од Град Скопје.

Пречистителната станица која ќе чини 136 милиони евра, стана топ тема деновиве по разрешувањето на директорот на ЈП „Водовод и канализација Златко Перински и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, поради, како што истакна Арсовска, несовесно работење.

Таа најавидека доказите ќе ги достави до Јавно обвинителство.

После овие случувања, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Од Основното јавно обвинителство на прашањата на Алфа одговорија дека институцијата ќе постапи согласно надлежностите доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, а во овој момент обвинителството имало консултативна и координативна улога………..

Проектот за пречистителната станица почна пред шест години, кога со Град Скопје раководеше Петре Шилегов. Дури две години подоцна, стартува целата процедура за тендерот, од тоа кои ќе бидат условите, па се до тоа какви технички спецификации се потребни.

Повеќе од половина од парите за проектот се европски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, а остатокот се, главно кредити од Европската инвестициска банкка.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста