ФЗОМ се повикува на истрага, ОЈО не открива што презеле по известувањето на МВР

Има ли предистрага за хакерскиот напад на Фондот за здравство или МВР само го известило Основното јавно обвинителство Скопје и понатака не е преземено ништо, Фондот и ОЈО се фатија во клинч. Од Обвинителството потврдуваат дека до нив е стигнато известување за настанот, но официјално не откриваат дали е отворена предистрага и какви насоки обвинителите им дале на МВР за откривање на сторителот. Директорката, пак на Фондот, на брифингот со новинарите се повикуваше на отворена истрага и не сакаше да сподели никакви информации во врска со настанот.

„Отворена е истрага додека не заврши немам ништо што да споделам, вели Магдалена Филиповска Грашкоска, директор на ФЗОМ

Во однос на тоа дали е платен откуп на хакерите или системот се врати во нормала со помош на странските ИТ експерти, директорката уште еднаш се повика на истрагата на МВР и обвинителство.

Од Јавното обвинителство Скопје не даваат одговор што постапиле понатака откако МВР ги известило за настанот иако станува збор за настан за кој постои голем јавен интерес, сепак официјално велат МВР постапува за откривање на сторителот.

До ОЈО Скопје е доставено известување за настанот. Секторот за компјутерски криминал и и дигитална форензика при МВР постапува за откривање на сторителот, одговараат од ОЈО Скопје. Она што засега е сигурно е дека системот е вратен, а кој ќе понесе одговорност засега останува енигма со оглед на тоа што ниту директорката Филиповска Грашкоска, ниту директорот Фатон Ахмети кој користи годишен одмор за патувањето во Америка, не чувствуваат морална одговорност. Во однос на тоа дали и колкава штета е направена со плаќање на откуп или на странски ИТ експерти и дали постои индиции за кривична одговорност, останува да ги почекаме МВР и обвинителството, оние кои според директорката истражуваат, да ги дадат одговорите и да го посочат виновникот.

Паула Костадиноска

https://youtu.be/ZOitB7wIB9o

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста