Уште една недела ќе се чека потписот за повисоки плати на здравствените работници

Власта продолжува да ги “матка” здравствените работници. Се уште нема потпис на анексот за покачување на платите. Иако тоа се најавува речиси два месеци. Најголемите здравствени синдикати се револтирани што постојано чекаат некое мислење и молат за 2000 денари месечно, а функционерите веќе добија по 2000 денари дневно повеќе на сметка.Последната најава на синдикалците беше дека ако не го добијат покачувањето – цело јавно здравство ќе штрајкува. Од ресорното министерство дадоа нов рок – до крајот на неделата ќе се финализирало покачувањето.

“Се очекува до крајот на неделата да се финализира покачувањето на платите кое беше договорено заедно со претставниците од ФЗОМ и синдикатот. Работиме на развивање на повеќе стратегии за задржување на здравствените работници во јавното здравство” – велат за Алфа од Министерството за здравство.

Спортивно од ова, пред три дена министерот Меџити кажа дека за ден или два ќе се реши проблемот со колективниот договор.

На голема мака се и специјализантите.Тие јавно алармираат дека дежураат по 24-часа а не земале ниту денар за сработеното.Од здравство повторно без конкретен одговор дали конечно ќе се обезбедат финансии за младите доктори.

“Како МЗ имаме јасна цел за мотивирање и континуирано подобрување на условите за работа на здравствените работници” – велат од МЗ.

И додека се чека покачувањето на платите на здравствените работници – од синдикатот предупердија дека во моментов бел штрајк царува во здравството. Тоа значи дека докторите и сестрите работат без ентузијазам, постојани кавги и нервози додека пациенти чекаат прегледи.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста