Училниците ќе „зјаат“ празни: Паѓа бројот на запишани ученици во основно и средно образование

Новите уписи на првачиња почнаа со старите проблеми. Директорите мака мачат, како да ги пополнат испразнетитете училишни клупи. Податоците за првооделенци  од списокот на Полицијата не одговараат со реалната слика.  Се поверојатно е дека и годинава училиштата ќе формираат паралелки под минимум број на ученици. Најзагрижувачка е состојбата во истокот  каде годишно исчезнуваат по неколку одделенија. Годинава во Штип треба да тргнат 582 првооделенчиња, но уште на самиот старт од уписите се претпоставува дека нивниот број ќе биде десеткуван.

Праксата покажува дека се запишуват малку помал број од  што е пријавено и забележуваме , односно списокот што го видовме некој  дечиња се иселени со нивните родители. Ќе се чувствува тоа и при уписот на ученици во прво одделение, изјави Снежана Санева од Општина Штип

 Штип не е единствената општина од истокот која има проблем со осипување на учениците. Празните училишни клупи се доказ дека истокот одамна ја има изгубено битката со наталитетот. Младите во борба за подобра егзистениција масовно ја напуштаат државата,  коментираат граѓаните. Според пописот за две декади вкупното население во државата се намалило за 9,2%.

  анкета

 –Јас имам син. Се исели во Швајцарија, таму му учат децата. Сега и куќата ја продава. Бегаат младите, бараат подобра егзистенција, овде работат ама ништо не заработуваат. Уште има деца, ама ќе видиме до кога, коментираат анкетираните граѓани.

Дека во државата во континуитет опаѓа бројот на ученици, покажуват и последните податоци на Државниот завод за статистика. На крајот на учебната 2021/2022 бројот на ученици во редовните основни училишта е намален за 0,6% во однос на претходната. Додека бројот на средношколци за истиот период е намален за 2,5%. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста