Училишниот прибор поскап за 50%, родителите во паника како да обезбедат се што е потребно за децата

Наместо со радост новата школска година ќе ја дочекаат со страв. Бранот поскапувања пред први септември удри и во книжарниците. Родителите со главоболка како ќе ги пратат децата на училиште. Цената на школскиот прибор зголемена за дури 50 проценти во споредба со лани. Ранците во книжарниците се продаваат од 1500 до 3500 денари, тетратиките од 50 до 100 денари па и повеќе, празен несесер без прибор чини околу 400 денари. Родителите прават математики, за да купат се шо е потребно треба да заштедат од нешто друго, ама велат , нема од што – бидејки се е поскапено.

Цените скокаат секој ден а месечните примања остануваат исти. Бабите и дедовците не можат да си дозволат да им купат се што наумиле на своите внуци, пред почетокот на учебната година. Се жалат пензиите се ниски.  
Прва поскапе хартијата, па се зголеми цената на тетратките, блокчињата за цртање, книгите, велат вработените во книжарниците кои не сакаа да застанат пред камера. Постоа скокнаа цените на сите производи. На терен гледаат дека тешко им е на луѓето да си ги обезбедат децата со прибор, а мораат. Некои имаат и по повеќе дечиња и не знаат како ќе се снаоѓаат. Децата треба да се најзаштитена категорија, меѓутоа за жал последиците од економската криза ќе се одразат и на нив.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста