Утре ќе бидат доделени оскарите за најдобрите во филмот

Тепихот е поставен, додека актерите, режисерите и другите учесници се подготвуваат за спектаклот наречен Оскари.

Тоа е на врвот секоја година за филмската индустрија и за водечките номинирани, вклучително и актерката Мишел Јео и филмот „Сè секаде одеднаш“.

Тројца други членови на актерската екипа се, исто така, се номинирани за награди во филмот кој доби големи почести на овогодинешните „Награди на здружението на актерите“.

Кејт Бланшет е исто така фаворит за најдобра главна актерка за нејзината улога во драмата „Тар“. И, двата филма се меѓу 10-те номинирани за Оскар за најдобар филм.

Во филмот „Елвис“,приказната за поп иконата Елвис Присли, со ѕвездата Остин Батлер се натпреварува за најдобар актер.

Бернард Хилер, холивудскиот тренер на актери, вели дека Холивуд сериозно ги сфаќа Оскарите.

„Тоа е многу важно за филмот и може да биде многу важно за актерот бидејќи тоа е признание од индустријата дека имате нешто уникатно“, вели Хилер.

Брендан Фрејзер во „Китот“ е уште еден главен кандидат за најдобар главен актер во приказната за морбидно дебел маж и неговиот проблематичен однос со неговата ќерка.

Во „Тажачките од Инишерин“, се зборува за тензиите во пријателството во едно ирско село, а номинирани за водечки актери се Колин Фарел и споредна машка улога Брендан Глисон…потоа Бери Кеоган како и споредна актерка Кери Кондон.

Меѓу конкурентите на Кондон е Анџела Басет, за нејзината споредна улога во акциониот филм на Марвел „Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“.

Номинираните за најдобар филм ги вклучуваат и Фабелманите, филм базиран на раниот живот на режисерот Стивен Спилберг и германскиот филм „На западот ништо ново“, базиран на антивоениот роман од 1929 година. Номиниран е за најдобар филм, а исто така е фаворит и за најдобар меѓународен филм.

Некои актери имаат драматични сцени кога се наградени со Оскар, а некои не. Тоа е исто како да споредувате јаболко, портокал и круша и прашувате кое е најдобро? Поради тоа е забавно. Не го сфаќајте тоа премногу сериозно“, вели Хилер.

Во номинираните се и вклучени и драми снимени по вистинска приказна како што е „Навални“, филм за заговорот за убиство на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

И покрај сериозните теми, намената на Оскарите има претежно забавен карактер, кога обожавателите ги бодрат своите омилени филмови и луѓето што ги снимаат. Оваа година познатиот црвем тепих е заменет со друга боја таканаречената „шампањ“ боја. Домаќин на 95-тото издани на Оскарите ќе биде Џими Кимел, а ќе се емитуваат во живо на американскиот канал Еј Би Си на 12 март.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста