Утре почнува „Малиот битолски Монмартр“ – најмногу пари даде Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови

Не само што отвараат клубови, Бугарите сакаат да не асимилираат и преку финансирање на веќе постоечки манифестации, како што е традиционалниот Мал битолски Монмартр„.

Имено за утре во 19 часот, на платото монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележат 55 години од основањето на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Со церемонија на свечено отворање ќе започнат двете најголеми светски детски манифестации- 42-то издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41-та светска детска ликовна илзожба „Битола“. за двете манифестации студиото доби 9.000 евра од домашни институции и тоа 4.000 од Министерство за култура и 5.000 од Општина Битола. Додека Милен Врабевски од Бугарија кој е член на меѓународниот управен одбор на „Малиот битолски Монмартр“ и претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО, донираше 17. 500 евра за двете манифестации. Покрај ова, тој е и основач на фондацијата „Бугарско сеќавање“ и е познат како финансиер на бугарските клубови во Битола и Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста