Утре наставниците излегуваат на протест против спојувањето  на предметите како што предвидува новиот образовен концепт.

Протестот во организација на независниот синдикат за образование ќе започне на пладне од Жена парк во Скопје, а треба да заврши пред Министерството за образование од каде ќе бидат испратени пораките до надлежните. Барањата на протестот се: Не за спојување на наставните предмети; Да за почитување на колективните договори. Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на нсон ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста