Уставни измени: Изедначување на Македонците и Албанците како народи, редење пет малцинства, па Бугарите?

Македонија да стане држава на два рамноправни народи- на Македонците и Албанците, на пет етнички заедници –  Турци, Власи, Срби, Роми и Бошњаци и неколку малцинства меѓу кои и Бугарите. Ова е една од можните варијатни како би изгледала новата Преамбула скроена по мерка на власта за да се задоволат и добијат албанските гласови во Собранието. „Плус инфо“, од свои извори на поопсежен начин анализира, како во некои политички кругови се заговара предлог кој ќе ги задоволи сите освен Македонците, кој впрочен и никој не ги прашува пишува порталот повикувајќи се на извор добро упатен во разговорите на високо ниво.  

  •  „Идејата не е целосно оформена, за да може за неа сериозно да се расправа. Но, јасно е дека е мотивирана од потребата да се задоволат амбициите на албанскиот политички фактор. Дури и под претпоставка да се согласиме дека и тоа не е спорно, овој концепт создава нови проблеми, не само за мнозинската етничка заедница, Македонците. Како што гледаме, во овој процес Македонците веќе се „прежалени“. Прашање е, сепак, како би се именувале Турците, Власите, Србите, Ромите и Бошњаците, кои сега веќе имаат формално рамноправен статус со Албанците, барем во Преамбулата. Исто така, големо прашање е дали Бугарите ќе се задоволат да бидат именувани како малцинство – вели изворот на Плусинфо.

Како што е познато, во сегашната Преамбула на Уставот постојат 4 категории:

Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.

Ова би значело дека досегашниот уставен текст дека Македонија е држава на Македонците и другите етнички заедници би било минато доколку владејачкото мнозинство ги прифати ваквите преговарања а за возрат би добиле парламентарни гласови за уставните измени.

Во меѓувреме, шефот на држвата останува на тврдењата дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да ја разнишат државата. Но, не само Бугарите , Македонија според Пендаровски треба да ги внесе останатите етнички заедници.

  • „Ние сме позитивен пример не само во регионот, туку и пошироко. Немаме луксуз да живееме на стара слава. Ни треба поголема политичка вклученост за подобрување на помалкубројните етнички заедници. Внесувањето на други етнички заедници во Уставот, вклучитело и Бугарите нема да ја разниша нашата држава“, рече Пендаровски.

Освен Бугарите, засега се спомнуваат и Хрватите, Црногорците, Египќаните и Евреите – кои во Преамбулата би имале формално еднаков статус како и Албанците, што добилнително би ја зголемила фрустрацијата кај нив, пишува порталот.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста