Уставен суд дециден – одлуката е конечна и обврзувачка, функционерите со повисоки плати до 78%

Уставен ја фрли топката во Собрание. Одлуката за платите на функционерите била конечан и е во сила од 23 март. Тоа значи дека и за последната недела од минатиот месец ќе има повисоки примања за министрите, директорите, но и за самите судии.

Сепак, од Уставен велат дека Собранието може да донесе законски измени со кои би биле нивелирани примањата.

Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа овие одлуки не забрануваат законодавецот, односно Собранието да направи законски измени кои потоа извршната власт ќе ги применува. Очигледно во сите изминати години ова прашање не било поставено. Првпат се поднесува како иницијатива до Уставниот суд од страна на адвокат, кој што претходно има оспорувано и други закони, изјави Беловска.

За Уставен нема ништо спорно што во рок од само 4 месеци ја донеле оваа одлука, додека други претставки стојат во фиока и со години. Тврдат дека лани просекот на одлучување бил сведен на 4 месеци.

Членот 4 и членот 1, кои што сега се веќе укинати предвидуваа фиксна основица од 26 755 денари, додека од друга страна членот 11 предвидува дека пресметката на плата се прави според множење на коефициентот со просечната плата која што била исплатена во текот на минатата година, изјави Беловска.

Со одлуката за укинување членовите од законот за плата и надоместоци, уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер но и сите вршители на јавни функции ќе добиваат и двојно повисока плата, дел и над 2500 евра. Од повисоките плати за сега се откажаа градоначалниците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста