Условни казни за директорите, ослободителна за доктор Вучевски за пожарот во тетовската болница

Екс-директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ќе лежат затвор од една ипол година само доколку во следните три сторат ново кривично дело. Тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во модуларната болница кога избувнал пожарот и не ги почитувале прописите за време на епидимија односно не ставиле пропишани противпожарни уреди.

  • Иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии и друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожар и противпожарен апарат, на денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово па се до денот на настанување на пожарот во модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар. Биле должни и можеле да бидат свесни дека може да настапи штетна последица“ пишува во пресудата на Основниот суд во Тетово.

Докторот Бобан Вучевски доби ослободителна пресуда. Тој со аплаузи беше пречекан пред судот од пациенти кои пред секое рочиште во изминатиот период му даваа поддршка.

  • „Благодарност на правдата што покажа дека јас како доктор сум бил со вас, а сега уште повеќе ќе бидам со вас“ рече докторот по пресудата.
  • „Објектот што не е уреден што го пуштеле, непуштиле во употреба. Доктор ќе судат, докторот гинел за цело Тетово.“
  • „Се надевам дека докторот од утре ќе продолжи на работа бидејќи тој е жива легенда во Тетово.“
  • Докторот Бобан, и другите што ги судат, не знам зошто, тие трчаа да спасуваат животи.“

Поранешниот директор Бесими не е задоволен од ваквата одлука па правдата ќе ја бара пред повисоките судови.

  • Не ми е јасно како ме поврзуваат со модуларната болница кога самите бевте присутни и од самите докази се гледа дека не сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека сим обвинет за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците“ рече Бесими.

Еск-економскиот директор Артан Етеми не се појави, па ниту јавноста можеше да го слушне неговиот став по пресудата. Семејствата на 14-те жртви, 12 пациенти и двајца родинини кои пресојувале во болницата, отштета ќе траба да бараат во нов судски предмет.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста