Управителот на „Алкон текст“ е осуден на 2 години условно и парична казна за „намерно предизвикување стечај“

Прва судска пресуда во корист на текстилните работнички. Управителот на текстилната конфекција„Алкон-текст„ е виновен за сторено кривично дело за „Намерно предизвикување на стечај„ со што има и условна осуда од две години и парични глоби. Предизвикувајќи лажен стечај го изманипулирал законот, а на сметка на тоа околу триесетина работнички останаа без плати и придонеси. .

  • Крајот на декември управителот на фирмата ја призна вината дека предизвикал лажен стечај за да не се исплати ништо на работниците. Ова не е изолиран случај. Ова се случува во приватниот сектор со промена на имиња на фирми во еден ист објект„изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Сега преку граѓанска постапка работничките ќе бараат да бидат обештетени. Освен плати и придонеси за четири месеци, компанијата ќе треба да им исплати и отпремнина . Од здружението кое го води предметот,  посочуваат дека во план се да покренат постапка и против стечајната управителка која во документацијата не видела стечајна маса, што е на штета на  работниците..

  • Она дефакто имала увид во документацијата на компанијата како што имале и надлежните органи. Треба да се утврди како не ги видела тие документи со кои се утврдуват злоупотреби и предизвикување на лажен стечај . Како тоа УЈП и Обвинителството најдоа доокази за кривично дело, а управителката не најде„ рече Кристина Ампева од Гласен текстилец.

 Пред две години околу триесетина работнички во оваа конфекција неколку дена протестираа  барајќи си ги неисплатените плати и придонеси. Меѓу нив имаше бремени и работнички кои за неколку месеци требаше да заминат во пензија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста