Уништени 10-тина свињи и прасиња во Облешево поради свинската чума

Десетина свињи и прасиња во сопственост на семејството Ѓоргиеви од Облешево утринава беа евтанизирани, бидејќи се наоѓаат на 3 километри радиус од жариштето на свинската чума. Тие се револтирани бидејќи како што тврдат им се уништуваат здрави грла. По неколку минутно препирање, Ѓоргиев се предаде и дозволи ветеринарните инсперктори да си ја завршат работата.. Согласно законот се евтанизираат сите свињи кои се во радиус од 3км. од жариштето. За Ѓоргиеви кои се стечајци  денешниот ден ќе биде почеток на една долга броба за егзистенција..

Сега се поставува прашањето што понатаму со производството, дали ќе сеееме на есен. Планиравме да сееме, да го зголемеме производството, ние од тоа живееме“-изјави Беза Ѓоргиева од Облешево.

Сточарите се гневни,не сакаат да им се уништува и здравата стока, а револтот е уште поголем бидејќи како што велат не знаат како ќе се врши обештетувањето..

Никој нема кажано цена, како ќе не обештетат. Некој кажуваат 120денари по килограм, други директна проценка. Болните свињи да не се плаќат, секој е свесен. Кој ги мере сега свињите и да каже како ќе се плати таа свиња“-изјави Јанко Герасимов од Облешево.

Веќе втор ден се врши уништување на стоката во Облешево. Свињите се евтанизираат во самите фарми, од каде со багер се ставаат во камиони со кои се транспортираат до јамата. Сточарите се категорични дека власта не прави доволно за да го спречи ширењето на болеста

Претходната недела цело село колеше свињи. Каде завршија тие кожи? Кај нас е сточен пазар , се оставаат кучиња од други градови и сега тие кучиња се најадени од кожите и се мирни, а потоа?Дали некој води грижа?“-посочува Беза Ѓоргиева.

Сега каде се затрупуваат, јамата се наоѓа меѓу Кучичино и Теранци, таму нема зараза. Ќе ја пренесат заразата и таму. Најголемата заљраза ќе дојде кога ќе дојдат и поројните дождови. Свињите се закопуваат на ридот, а под нив е Брегалница “-изјави Тони Максимов од Облешево

Уништувањето на свињите во источниот регион ќе предизвика уште еден удар врз сточарите . Фармите како на Ѓоргиеви со месеци ќе останат празни , што во многу случаи ќе значиу и трајно затварање.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста