Универзитетот „Еуропа прима“ Скопје станува дел од проектот на Џон Малкович – потпишан меморандум со „Капитал Партнерс“ 

Филмски и музички студија ќе се градат во околината на Скопје. Интернационалниот универзитет „Еуропа прима“ и компанијата што ќе го гради филмскиот град со најсовремена технологија, стануваат дел од проектот на актерот, продуцент и режисер Џон Малкович. Двете страни потпишаа меморандум за соработка. Аудиовизуелните и сценски уметности низ призмата на современите дигитални технологии кои се изучуваат на универзитетот, ќе добијат меѓународна афирмација преку партнерства со светски реномирани универзитети, во рамките на едукативниот центар.

  • Академскиот центар, заедно со останатите содржини на СТП, ќе започне со реализација веднаш по доделувањето на статус на стратешка инвестиција за овој проект од страна на владата, кој што се очекува во најскоро време. Со оглед на тоа што овој проект ќе биде од огромно значење, не само за Македонија, туку и за целиот регион, многу млади што се едуцираат во овие домени, со нетрпение го очекуваат почетокот на изградбата на СТП, која предвидува вработуваање на над 800 кадри, кои и сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, велат од „Еуропа прима“.

Изградбата на технолошкиот парк треба да креира вработување на повеќе од 800 луѓе, кои сега како и во минатите години биле принудени да ги бараат своите ангажмани во Европа и пошироко, вели Иван Видаковиќ од СТП „Капитал партнерс“.

  • Интернационалниот универзитет „Еурппа прима“,по отпочувањето со реализација на овој капитален проект, во плејадата на личности кои претставуваат легенди во светот на аудиовизуелните уметности, како што се Шарл Азнавур, Роберт Вилсон, Маноел Де Оливеира, Јиржи Мензел итн, ќе го прогласи и Џон Малкович за Doctor Honoris Casua, со организација на ретроспектива на неговите филмови, рече Плевнеш.

Стартот на изградбата на филмскиот град ќе се реализира веднаш, откако Владата ќе му додели статус на стратешка инвестиција на долго најавуваниот проект.

Инаку, по стартот на овој проект, универзитет „Еуропа прима“, ќе го прогласи Џон Малкович за почесен доктор на науки на овој универзитет и ќе организира ретроспектива на неговите филмови.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста