УНЕСКО бара нов план за управување со „Св. наум“, постојниот не го штити езерото и изворите од загадување

Да се обезбеди соодветен режим за управување со манастирскиот комплекс Свети Наум кој е премногу комерцијализиран и го загрозува зачувувањето на природните вредности-укажуваат експертите потенцирајќи дека Унеско побарал ревидирање на проектот за целиот комплекс.

Компексот Свети Наум е нотиран во многу извештаи и тоа е едно од најгорливите и накритичните точки на цел Охридски регион, затоа што таму имаме во сите овие години наназад генерално не се почитувале мерките на заштита – изјави д-р.Мишко Туткоски.

Најголем проблем се отпадните води од јавните тоалети и неконтрилираниот број на угостителски објекти кои се влеваат дирекно во езерото.

Плажата Свети Наум добро е што има трска, отпадните фекални води од Свети Наум што се направи како канализациона мрежа за сите објекти, отпадната вода оди во трската.Филтри нема, значи сето тоа мора да помине низ филтри и мора тоа на крај да се хлорира за да влезе во езеро како прва или втора класа,таму е нешто страшно – изјави Лидија Симоноска – Центар за јавно здравје.

Симоноска потсетува на последниот инцидент кога изворите на Свети Наум кои се во зона на строга заштита а беа преплавени со бела материја.

Тоа беше или вар или поликолор јас да Ви кажам што некој си турил во изворите.Па заштитени се,нека си платат казни, белким постојат казни во оваа држава за тие луѓе, газди,не знам како да ги наречам.Секој што отвора угостителски објект треба да знае каде го отвора,треба да знае како да се однесува кон она што природата ни го дала – вели Симоноска.

Сред манастирскиот компекст кој е под владение на црквата,никнаа и дивоградби.На местото на некогашната пошта некој израдил неколку катна куќа.

Ние имаме поднесено барање да се изврши инспекциски увид за сите случаи, вкучително и за градбата кај поштата, за отпадните води, бараме инспекторатот за животна средина нивни испектори да излезат – вели Андон Бојаџи – Национален парк „Галичица“.

На барање на Унеско Јавната Установа Нациналнен парк Галичица изготви посебен план за управување со комплексот Свети Наум. Работната верзија е доставена до надлежните институции,кога ќе добиеме повратна информација не знам, вели Бојаџи,но знам дека траба да се направат серизони консултации со сите засегнати страни, бидејќи во спротивно тешко ќе биде спроведлив планот за управување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста