Украинските сили се повлекуваат од Северодоњецк

Украинските вооружени сили добија наредба да се повлечат од Северодоњецк, откако градот е речиси целосно уништен и под руска контрола, изјави гувернерот на провинцијата Серхи Гајдаи. Уште претходно овој месец руските сили го освоија поголемиот дел од Северодонецк и ги отсекоа сите патишта за бегство. Северодоњецк се наоѓа во регионот Луганск кој е еден од двете провинции што го сочинуваат Донбас.

Вооружените сили ќе мора да се оддалечат од Северодонецк. Нашите бранители веќе добија таква наредба. Рашистите речиси го уништија Северодонецк, целата критична инфраструктура беше збришана, 90% од градот беше оштетен, 80% од станбените згради ќе треба да се урнат бидејќи не можат да се обноват. Руските трупи напредуваат во правец на Лисичанск од Тошкивка-Золоте, изјави Серхи Гајдаи – Гувернер на Луганск

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров најави дека речиси сите населени места во околината на Северодонецк и Лисичанск се или ослободени или опколени.

„Борците на специјалниот одред „Ахмат“ и народната милиција на Народноослободителната армија успешно работат во правец на Луганск. Речиси сите населени места во околината на Северодонецк и Лисичанск беа или ослободени од нацистите или опколени. Една од овие населби е Вороново, од каде што украинските војници од 74 баталјони се обидуваат да побегнат речиси ползејќи, изјави Рамзан Кадиров – претседател на Чеченија

Кадиров додаде дека раководството на Украина го уништува сопствениот народ.

„Војниците навистина се користат како топовско месо, а военото раководство не се обидува да им обезбеди барем вода за пиење. Тие не се борци, туку деморализирана група гладни и болни луѓе. Ова е мизерна глетка“, додаде Кадиров.

Во меѓувреме пристигнува нова воена помош од САД во вредност од 450 милиони долари. Џо Бајден минатата седмица ја најави првата достава на воена помош од милијарда долари за Украина којашто вклучува противбродски ракетни системи, артилериски ракети, хаубици и муниција. Украина тврди дека системот HIMARS ѝ е потребен за да одговори на дострелот на руските ракетни системи, кои се користат за напади на фронтот на границата до Донбас.

Москва отворено предупреди дека доколку Западот на Киев му испорача оружја со дострел со кој може да бидат погодени цели на нејзината територија ќе биде употребено оружје коешто досега не е користено во досегашниот тек на војната и врз цели коишто досега биле поштедени од борбени дејствија.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста