Укинувањето на неколку предмети има подлабока цел: бришење на Историјата и Географијата

Бришењето на историјата од наставен предмет се брише и историјата на македонскиот народ. Со интегрирањето на повеќе предмети во еден се руши системот на образование. Историчарите децидни дека без поголеми и детални консултации со фелата вработените во Министерството за образование не се надлежни да спроведуваат реформи. За промени во наставната програма не може да зборуваат оние кои што немаат допирна точка со нејзината примена, вели за Алфа историчарот Тодор Чепреганов. Тој смета дека зад интегрирањето на предметите стои друга цел на надлежните.

  • Со тоа постепено се настојува Историјата да се избрише! Која е основната задача на историја, проучување на минатото, што дава можност учениците да се запознаат со правилната ориентација во сегашноста и јасно да ја предпостават иднината. Сето ова што го прави МОН, со овие програми е токму тоа, бришење на колективната меморија на еден народ, во случајот на македонскиот народ. Народ без историја е најлесно да се контролира. Штом се избрише историјата имате зомби ученици“ вели Чепреганов, историчар.

Наместо да се слушнат забелшките од историчарите во земјата, надлежните прават експерименти кои што се во спротивни цели на историската наука.

Освен историчарите, за ваквите идеи за спојување на повеќе предмети во еден не беа консултирани ниту наставниците по географија. Со новата наставна програма преполувањето на часовите по географија најмногу ги изгубат учениците бидејќи цела материја се дели на два дела во општествени и природни науки.

  • „Не можеме да учекуваме вака како што се поставени работите да го изучат предметот Географија како единствен предмет кој што припаѓа и во природната и општествената наука. Посебна си е Географијата бидејќи таа си ја посебна наука, збир од повеќе дисциплини и ан ваков начин на може да ја проучат“вели Томислав Гиевски,Професор по географија, Претседател на НСОН.

Освен учениците, интегрираните предмети ќе ги стават во незавидна положба и наставниците бидејќи треба да предаваат тематика која не им била дел од образвниот процес, што веќе се покажа како лош пример.

  • „Јас сум наставник, ќе се снајдат на часот, но тоа нема да биде квалитетно. Не можам јас како географ да ја предавам таа дисциплина, соодветно како што ќе ја предаде и хемичарот или дизичарот, и од тука тие комбинации се докажаа дека не се соодветни, и сега тие грешки се повторуваат, а не смее. Не смееме да повторуваме тоа што во минатото се покажало како несоодветно “вели Томислав Гиевски,Професор по географија, Претседател на НСОН.

Инаку, наставната пограма за 6-то одделение која ќе се спроведе од идната учебна година, нема да ги има предметите историја и општество, а хемија, биологија, физика и географија се спојуваат во еден, кој ќе се вика природни науки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста