Убиство и самоубиство во Демир Капија: 64 годишен маж го убил својот 30 години помлад сосед, па сам си пресудил

Убиство и самоубиство се случи утрово во зграда во Демир Капија. Неофицијално, маж на 64-годишна возраст пукал во 34 годишниот сосед, кој живеел во станот над него, а потоа се самоубил.

Наводно, причината била претходно расправија. Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, потврди за МИА дека се случил немилиот настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Основното јавно обвинителство Кавадарци се уште врши увид во зграда во која се пронајдени тела на две починати лица.

-Се преземаат дејствија за испитување на настанот, информираа од Обвинителството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста