Убиство или не – Обвиителите и судските вештаци без усогласен став за смртта на 26-годишниот Јован Витанов

Се уште се чека на токсиколошките анализи и изолација на ДНК профил од телото на починатиот Јован Витанов чие тело беше пронајдено во местото  Ораш, во општина Ново Село.

Од Институтот за судска медицина реагираат дека обвинителите избрзале со заклучокот за начинот на смртта на 26 годишникот, со оглед на погрешно толкување на промените на телото.

Професорот Станков од Инситутот вели дека за да се констатира причината за смртта мора да се добијат информации од обдукцијата или пак токсиколошките наоди.

– По пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот од страна на службени полициски лица и јавен обвинител од ОЈО Струмица. При увидот телото било прегледано од страна на лекар мртвопроверител. По наредба на јавниот обвинител истата вечер телото е донесено на Институтот за судска медицина, на обдукција. На 08.06.2022 година во претпладневните часови на Институтот за судска медицина, извршена е обдукција врз телото на пронајденото починато лице вели проф.д-р. Александар Станков – Институт за судска медицина.

Од Обвинителството ден по убиството објавија дека според првичните сознанија, 26-годишниот Витанов бил убиен.

Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители соопштија тогаш од ОЈО Струмица.​

Инаку телото на 26-годишниот Јован Витанов беше пронајдено на 7-ми јуни, во атарот на струмичкото Ново Село, со идливи модринки, а немало траги од нож, гребаници, убодни или прострелни рани.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста