Уапсен е вториот напаѓач на секретарот на „Цар Борис III“

Дваесет и три годишен битолчанец е вториот осомничен за случајот Пендиков,тој е лишен од слобода откако по него беше распишанацентрална потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.Од таму пак за Алфа потврдуваат дека битолчанецот е лишен од слободна и дека во текот на денов ќе бидат предложени мерки на претпазливост, поради сомнение дека бил соизвршител заедно со првоприведениот Илија Спасески од Охрид, учествувал во истиот кривично правен настан,односно во индиценот кој се случи на 19 јануари.

Правните експерти кои го контактиравме појаснуваат дека предложената мерка за безбедност значи дека битолчанецот барем во овој момент ќе се спаси од притвор, нему ќе му бидат одземени патните исправи,односно двата пасоши кои ги поседувал, македонскиот и бугарскиот. Во текот на наредните денови тој ќе даде исказ пред судот. Иако се сомничи за иста правна квалификација како Илија Спасески,тој не може да биде опфатен со кривичната пријава и судскиот процес против Илија Спасески бидејќи допрва ќе се обезбедуваат докази.Судскиот процес во кој Спасески ќе седне на обвинителна клупа започнува на 28-ми овој месец.Против него веќе е поднесен обвинение ,но тој ќе се брани од слобода бидејќи по истекот на 30 дневниот притвор судот одлучи да ја преиначи мерката притвор со одземање на пасошот кој го поседува Спасески,а како гаранција е ставен под хипотека целиот недвижен имот со кој располага неговото семејство.

Инаку за апсењето на второсомничениот најпрвин извести бугарската фондација „Македонија“,објавувајќи и фотографија од приведениот битолчанец со име и презиме.Тврдат дека станува збор за извесен Борче Ангелов.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста