Тутунарите кои меѓу првите го предадоа тутунот, најверојатно ќе бидат извисени и нема да бидат обесштетни со доплата на разликата ?!

    Пред самиот крај на откупната кампања и пред стартот од новата производствена реколта, уште едно очекување на македонските тутунопроизводители, наверојатно ќе падне во вода. Имено, тутунарите кои меѓу првите го предадоа родот, по се’ изгледа нема да бидат обесштетни со бараната доплата на разликата во откупните цени. Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека по разговорите со Министерството за земјоделие, а и со откупувачите, шансите за ова биле речиси еднакви на нула.

  „На изнанедување на сите тутунопроизводители тргна да се цени на прва класа што не можеме да речеме дека е лошо затоа што парите се повеќе, ама од друга страна се нарушува пазрот со тоа земање само на прва класа. Ама сепак, тие се приватни компании и тие одлучуваат. Ние побаравме најпривин од МЗШВ, а оттаму велат – „ние немаме ништо со доплатата, бидејќи многу години на почетокот бил поскап, а после во февруари бил поевтин, па не им ги зедовме парите назад на останатите“, – објаснува Мендо Стомнарсоки, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија на РМ.

  Колку за потсетување, ова следува откако лани на почетокот од откупот, откупувачите тутунот го вреднуваа по цени и класи кои, според тутунарите, реално несоодветствуваа на квалитетот, за на крајот од откупната кампања, кога се виде дека тутун нема доволно, и ѓубрето да се откупува во прва класа, што предизвика револт кај тутунарите.

  Од друга страна, веќе од наредниот месец треба да започне склучувањето и на договорите за годинашната реколта. Новите откупни цени се’ уште не се дефинирани, а од Сојузот на земјоделски здруженија бараат тие да бидат за 20 проценти повисоки од ланските, за што, како што не’ информираа, допрва ќе се разговарало со откупувачите и со ресорното Министерство.

  Инаку, македонското тутунопроизводство последниве години бележи тренд на рапидно опаѓање кое се должи на значително зголемените прозводни трошоци кои не соодветствуваат со откупните цени, но и на се’ поголемото иселување на земјоделците, воопшто.

  Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста