„Тури-претури“ коалиција, мнозинството наместо за осум, порасна за еден пратеник

Наместо за осум, парламентарното мнозинство се зголеми само за еден пратеник. Иако идејата на премиерот Димитар Ковачевски беше претходното мнозинството од 64 пратеника да порасне на 72ца, сите акробации  со плус-минус пратеник во Парламентот се покажаа како залудни. Со 65 гласа „ЗА“ беше разрешен Беким Сали од челното место во Министерството за здравство, а 64ца пратеници гласаа за разрешување на Амирим Алити од администрација и Џемаил Чупа, министерот без ресор. Од владејачката СДСМ велат дека со оваа седница се потврдила стабилноста на парламентарното мнозинство, а ВМРО-ДПМНЕ пак обвинува дека реконструкцијата на владиниот кабинет била со цел да се одржат уште некое време на власт.

Со гласање на 65 пратеници во Собранието денеска се потврди зајакнатото и зголемено парламентарно мнозинство, порача пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на прес-конференција откако по повеќедневна расправа беа разрешени министрите од „Алтернатива“ Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи.

„Ова е состојба во која од една страна крпат, а од друга страна им се кине владејачкото мнозинство затоа што едноставно веќе е изгубен легитимитетот на граѓаните – порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Со разрешувањето, седницата за пратенички прашања падна во сенка. Па дури четири часа по нејзиниот официјален старт, пратениците почнаа со новите прашања до премиерот и министрите. Опозицијата побара одговори од премиерот, зошто тој молчи за богатството, кое, како што велат, го трупало семејството на вицепремиерот Артан Груби. Министерот за политички систем пак го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ дека се лопови и клептомани.

Зошто молчите за богатството кое се трупа околу првиот вицепремиер, од каде пари за купување на дуќан од половина милион евра? Луѓето околу Артан Груби трупаат богатство, а премиерот, односно вие не може ова да не го гледате – рече Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во пратеничко прашање упатено денеска до премиерот Димитар Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ  е мајка, татко, дедо, баба на корупцијата. Тие ја имаат изумено корупцијата, имаат докторирано на корупција. Затоа знаат каде е медот за да ги пикнат рачињата. И бараат да дојдат на власт, не да и помогнат на Македонија да стане членка на ЕУ, туку медот им е останат во мерак. Секој лопов гледа во другите лопов. Секој клептоман гледа во другите клептоман – одговори

По завршувањето на седницата за пратенички, ќе продолжи општата расправа за именување на министрите за здравство, правда, животна средина, администрација. Гласањето ќе биде поединечно, и дури откако ќе се ицрпи целиот список на пријавени пратеници за збор, без ограничувања.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста