Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајка во Италија

Тројца македонски и еден италијански државјанин загинаа синоќа во тeшка сообраќајна несреќа во Италија… Се работи за 33 годишно лице од Македонска Каменица, 31 годишно лице од селото Саса, и 30 годишно лице од селото Пекљани, виничко…. Од министерството за надворешни работи потврдија за трагичната несреќа….
„Информираме дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Македонија“
Од МНР велат дека претставниците на конзулатот и амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија…… Комуникацијата меѓу дипломатските претставништва останува, за да се обезбедат дополнителни информации околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста