Три пункта за цело Скопје – граѓаните почнаа да склучуваат нови договори за парно

Корисниците на парно греење во Скопје, од денеска, почнаа да потпишуваат договори со новиот снабдувач – „ЕСМ – снабдување со топлина“. Граѓаните кои дојдоа да склучат нов договор, на еден од трите пункта, колку што обезбеди „ЕСМ“, реагираат, дека повторно мора да шетаат по шалтери.

За да не останат „смрзнати“ зимава граѓаните почнаа да склучуваат нови договори за парно греење. Откако државните електрани, односно „ЕСМ“ ги презеде топланите „Исток“ и „Запад“ заедно со парното од „БЕГ“ ги повика корисниците да дојдат во пункотовите за наплата и да потпишат нови договори. Но тоа не оди така подмачкано. Уште од првиот ден иако немаше голем метеж, граѓаните се револтирани зошто во 21 век кога се е дигително, мора да потпишуваат нови договори за парно греење.

  • Како може во 21 век, во денешно време да се акаме по шалтери за глупости. Mислам дека нема потреба да не малтретираат бадијала, кога сето тоа може да оди и електронски, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа, кои денеска дојдоа пред еден од пунктовите во Скопје.

Пред пункотвите на топлана доаѓаа, и веднаш си заминуваа граѓани кои го чуле повикот на „ЕСМ“. Дел ги потпишале новите договори, а на дел им побарале дополнителни документи. Граѓаните во прашалици.

  • Ми бараат извод, ми бараат имотен лист, но и сето тоа да е заверено на нотар, па и да ја носам мајка ми која има 90 години, а жената лежи в кревет, можело и со полномошно, но нема тоа како сега да го направиме, реагираат граѓани кои дојдоа, но не завршија работа, иако како што велат, денар не должат и сите фактури биле на време подминерни.

Околу 60.000 домаќинства и тоа ги засега новата грејна сезона во Скопје. Парното стаса, но не кај сите корисници. Велат дека се гаси само што ќе се приклучи.

  • Само што ќе го пуштат го гасат парното. Од сабајле од 7 па и 8 часот и веќе во 9 полека се намалува и после тоа немаме греење. Плаќаме, и тоа во текот на цела година, за што? За да не зезаат со греењето, реагираат граѓани.

За да се склучи новиот договор, граѓаните треба да носат лична карта и фактура за парно од БЕГ.

  • Напоменуваме дека „ЕСМ Снабдување“ со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и дека ако од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена, велат од компанијата.

Пунктовите кај Олимписки базен, во Аеродром зад Капитол, и во во Тафталиџе кај топланата – се отворени секој работен ден од 8 до 18 часот и во сабота до 13:30 часот. Исклучените од парно, нема да има потреба да склучуваат нови договори со „ЕСМ“.

Сепак, од топлинската компанија уверуваат дека цела грејна сезона парно ќе има. Ако нема гас во Европа и регионот, ќе се обезбедио дизел.

Сега, парното топли околу 3 часа и тоа само од сабајле. Од „ЕСМ“ велат дека набавиле колку што е потребно, зашто според прогнозите, топлото време ќе било на нивна страна уште некоја недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста