Три години од првите карантини – граѓаните се уште живеат со последиците

И по три години од карантините, мерките за изолација и самоизолација на кои беа изложени граѓаните поради пандемијата,  кај дел од нив се уште се чувствуваат последици по психолошкото здравје. Анксиозност, булинг, сајбер малтретирање се најчестите форми на кои се изложени младите луѓе. Психолозите потврдуваат дека насилството меѓу тинејџерите расте.

„Има поголема агрсивност кај учениците и тоа уште од помала возраст„изјави Вилма Ничева, психолог во училиште во Штип.  

За неколку месеци во Штип официјално се пријавени два случаи на класичен булинг. Врсничкото насилство се случувале надвор од училишните дворови. Едно од жртвите било малтретирано во автобусот со кој секој ден патувал од дома до училиште

„Засега немаме најава дека е отпочната судска постапка. Инаку родителите беа повикани во Општината на разговор и беа посоветувани„ изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Во време на пандемијата младите  се затворија и се изгуби границата помеѓу играта и насилството. Во тој период единствена алатка со реалниот свет беа социјалните мрежи, што овозможи драстично  зголемување на сајбер малтретеирањето.

„Булингот може да кажеме дека интензивно се јавува последните години. Ковидот можеби влијаеше врз сајбер булингот, бидејќи ги поттикна младите повеќе време да поминуваат на социјалните мрежи и така со затскриени намери да влијаат лошо врз другите„ изјави Матеја Богдан од НВО„ЕХО„од Штип.

Пред точно три години на 11 март сите училишта, градинки се затворија. Ваквото затварање беше причина и за зголемување на семејното насилство. 

Aлександра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста