Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија – Обвинителството да отвори истрага

Два камиони отровен зеленчук од Албанија за македонски трпези. ВМРО-ДПМНЕ објави скандал. Цветан Трипуновски, во јавноста покажа документи токму од државната фитосанитарна лабораторија, каде може да се види присуство на пестициди повeќе од дозволеното.

  • „Јасно се гледа дека државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена краставици и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди, над дозволената граница. Според нашите сознанија, неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет.“ Изјави Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ.

Од агенцијата за храна и ветеринарство ги демантираат информациите на опозицијата, но во исто време, во соопштението до медиумите велат дека храната увезена од Албанија била под надзор и во тек биле засилени контроли.

  • „Од почетокот на годинава досега, земени и лабораториски тестирани се 63 мостри од зеленчук (домати,краставици, пиперки), од кои 26 мостри само од домати. Позитивни на пестициди се само две пратки и тоа една со краставици од Албанија (безбедно се уништени) и една пратка со пиперки по потекло од Албанија, која се уште се наоѓа по официјален надзор“ – Соопштуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

Но и покрај демантот, од агенцијата велат дека за претходните пратки ги известиле сите надлежни институции во соседна Албанија. Значи и Агенцијата го вклучила алармот, но очигледно е дека увозната проблематична храна сепак изгледа стигнува до македонските трпези. Оттука е и нејасно што демантира Агенцијата, кога всушност само го дообјаснува она што стои во документите објавени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не прв пат во јавноста да се појават сомнежи за квалитетот на заленчукот увезен од Албанија. Неодмна, огромен број граѓани на социјалните мрежи предупредуваа оти нашите институции дале амин да се увезува отровна храна од Албанија, но и тогаш, надлежните демантираа, тврдејќи дека станува збор за лажна вест.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста