Трет ден потрагата по 22 годишниот кумановец кој со автомобил излета во Вардар

Откако три дена луѓе, вработени повеќе институции не успеаја да го најдат возачот и евентуалните сопатници по излетувањето во реката Вардар кај Желино денеска се прави обид и преку други методи за наоѓање на исчезнатиот. Покрај тоа што луѓе нуркачи бараат во реката, а други покрај водата, денеска вклучени се кучиња трагачи. Поради високиот водостој на Вардар надлежните велат дека ќе се стопира протокот на вода за им се олесни потрагата.


Ние побаравме,да се намали водата од Водостопанство. Но тоа не е наша надлежност. Тие рекоа дека во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат рече Ариф Арифи од ДЗС Тетово.

Се верува дека речната водата го однела возачот, па сега освен во Тетовско потрагата се проширува и кон скопското подрачје кон текот на реката Вардар.

Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ние е во левата, втората на десната страна на Вардар, третата накај мостото Сиричино и четврата ќе ја ангажирам денеска после 13 часот во Зелениково пошто претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од ДЗС на терен рече Ариф Арифи од ДЗС Тетово.

Пожарникарите од Тетово се меѓу луѓето кои на нозе движејќи се долж речното корито го бараат исчезнатиот возач и евентуални сопатници.

Тука сме од седум сабајлево го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па идеме надоле. Како што гледате и вие дека Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. 00.48 + 01.28 Почнуваме пак се враќаме назад, пошто стварно имаме многу вода и треба да се провери цел терен така полека полека. Се знае дека водата е многу јака и може телото е заглавено негде во длабина. И треба многу време дур го најдеме телото вели Авни Амети.

22 годишниот кумановец во вторникот излетал кога од Тетово се движел кон Скопје на мостот над Вардар кај Желино. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста