Трет викенд иста слика: Километарски колони за влез во Грција

Некои немаат ни за првомајска скара, но некои имаат и за продолжен викенд. Трета сабота по ред на граничниот премин Богородица има километраски колони и се чека и над еден час за излез од Македонија и влез во Грција.

За разлика од минатите два викенди, овојпат долги колони и гужви има и на преминот во Дојран. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.

Се чека во неколку редици, а поради долгата колона, граѓаните чекаат и надвор од автомобилите. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.

Според АМСМ, ова е еден од двата гранични премини каде е забележана гужва од утринава. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Македонија од Србија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста