Трговците тактизираат – еден ден пред рокот нема намалување на цените

На власта и тргна со замзрнувањето на цените. Во исчекување на утрешниот ден, кога по продавниците треба да замрзне млекото, јогуртот, сирењето и тестенините, денеска најава дека е можно под мраз да се стават и цените на овошјето и зеленлукот. Во меѓувреме, трговците како да го чекаат последниот момент за да ја симнат цената.

Трговците го чекаат последниот рок пред да ги намалат цените на тестенините и млечните производи. Иако од утре тие треба да бидат поевтини за 10 односно 15%, денешната обиколка на маркетите што ја направивме, покажува дека тие се уште се исти, па дури и денар два повисоки од пред неколку дена. Од Владата велат дека доколку од утре нема поевтинување, ќе следат казни.

  • Очигледно така сме навикнати во нашето општетство, секогаш е последниот ден, дури и ако е за добра работа чекаме последен ден. Ќе ги видиме утре наутро цените коишто ги кажавме“, рече Битиќи.

Владата размислува за замрзнување на цените и на овошјето и зеленчукот, доколку за тоа има потреба.

  • „Ги следиме сите движења на пазарот. Со завршувањето на грејната сезона во Европа и цените на берзите за скоро сите прехранбени производи почнаа да паѓаат. Очигледно дека справувањето со економската криза и кризата со храна во цела Европа беше успешна операција и веќе резултатите се гледаат. Тоа ќе значи дека и кај нас и трговците, но и сите други ќе треба да ги следат сите текови. Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи – тоа го навестивме и за една низа други продукти. Ќе ги следиме и цените на овошјето и зеленчукот и ако трговците, но и производителите сами не реагираат, пораката од Владата е јасно дадена дека граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните“, рече денеска Битиќи.

Сепак, кога лани беше воведена ограничена маржа за зеленчукот и овошјето, тоа одеднаш го снема од продавниците. Од ресорното министерство, пак, тврдат дека правеле напори за намалување на трошоците на земјоделците што би требало да се одрази и на цените на крајните производи.

Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други сурови, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

  • „Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци“, вели Николовски.

Замрзнувањето на цените е само една од мерките со кои Владата се обидува да ја заузда двоцифрената инфлација. Преходно се обиде со ограничени маржи, па со субвенционирана струја. Антикризните мерки постојано се менуваат, а резултатите изостануваат.

Експертите подолго време алармираат дека ова не е решние и дека на долг рок ќе создаде сериозни проблеми. За вистинска борба со поскапувањата, Владата мора да се откаже од дел од приходите во буџетот, односно да намали дел од давачките како ДДВ, акцизи, такси и слично.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста