„Транспаренси Интернешнл“: Македонија останува хибридна и заробена држава

Ако Владата не се освести и не ја разбере сериозно ситуацијата во која се наоѓаме, нема да можеме да мрднеме од позицијата во која сме, а Македонија останува хибридна и заробена држава – анализира претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева. Само 1% подобрување во споредба со лани, во однос на индексот за перцепција за корупција, според неа, не значи ама буквално ништо.

Македонија останува хибридна и заробена држава, зашто земјава наместо да напредува, од ден во ден тоне се повеќе на секое поле, алармира претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева. Според неа, корупцијата и натаму е навлезена во секоја пора од општеството, па затоа немаме владеење на правото, кое, за жал, се применува селективно. Ако Владата не покаже сериозност, тешко дека и оваа година ќе мрднеме од мртва точка, зашто лани, според индекост на корупција, имаме само 1% подобрување, што за нас не значи ништо.

  • Корупцијата и огранизираниот криминал и натаму ја држат Македонија како хибридна и заробена држава. Жално е што Македонија и натаму тоне и останува хибридна и заробена држава, земјава со 1% подобрување не може ни малку да напредува. Напредокот на овој хибриден режим во областите како што се проверката на судиите и зајакнувањето на Специјалната структура за борба против корупцијата и организираниот криминал е засенет од ослабената независност на медиумите и недостатокот на можности за значително вклучување на граѓанското општество во одлучувањето правење, алармира претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева.

Дека нема никаков напредок, сведочат и еден куп скандали кои ги оставаме во 2022, додава Тасева, и смета дека Андикорупциската комисија не работела доволно на истарги на корумпираните предмети.

  • Бројните корупциски скандали, оставки и самиот начин на избор на главен обвинител сериозно го доведе во прашање интегритетот на Обвинителството. Мора да се споменат кадидати кои положиле праводусни испити на незаконски начин, за жал сето тоа остана без расрешница. Немаше разрешување на судски процеси, околу прислушувањето. Незаконското издавање на пасоши на криминалци. Тоа беше проблем сериозен, и тоа ништо не се расчисти, оценува „Транспаренси интернешнал“.

Извештајот Транспаренси за 2022 покажува дека Македонија е во друштво на Суринам, Индија и Тунис, според индексот за перцепција на корупцијата. Земјава се најде на 85 место од 180 држави.  

  • Знаете ли што значи 1%? Ништо. Новата влада не ги исполни очекувањата за подобра институционална и правна рамка за борба против корупцијата и продолжува со практиката на криење информации од јавноста, додава Тасева.

Главните причини за лошто менаџирање на Македонија биле недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција.

Во извештајот на ТИ се посочува дека регионот на Западен Балкан е познат по својата ниска отпорност на организираниот криминал, како и дека земјите бавно се справуваат со овој ризик, а на одговорните институции сè уште им недостасуваат соодветни ресурси и независност.

Од земјите од регионот, Словенија котира најдобро, по неа е Хрватска, па дури и Црна Гора и Бугарија кои бележат подобрување, а најниско на листата, односно пред нас е Косово.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста