Тик-Ток: Меѓу ризикот и забавата, треба ли да се ограничи користењето на социјалните мрежи, по големите трагедии

Брзо возење, часови за пукање со пиштол, за малку избегната смрт од струен удар, за викендов да сме сведоци на трагичната смрт на 14-годишно девојче. Прифаќање предизвици кои што можат да завршат трагично. Желбата за к краткотрајна Тик-Ток слава доведува во опасност човечки животи во Македонија. На удар се младите кои не секогаш можат да направат елементарна разлика помеѓу стварноста која се создава на социјалната мрежа и објективната реалност дотаму што дел од нив не можат да проценат каква е вистинската опасност дециден е професорот Илија Ацевски. Едукација од најмала возраст преку образовниот процес, но истовремено и строга родителска контрола би помогнало младите да разграничат што чини а што не од социјалните мрежи.

  • Мора едноставно, во програмите, уште кај најмалите да се започне со едно посистематско, би рекол, образование, за користење на социјалните мрежи, телефоните, комјутерите во една позитивна смисла бидејќи тоа е еднината на образованието“ вели професорот Илија Ацевски.

Последниот случај со предизвици од социјалните мрежи за жал заврши трагично за 14- годишно девојче од скопската населба Илинден. Група малолетници сакале да снимаат за Тик-Ток и се качиле во вагон со висок струен напон, а кабел ја усмртило. Слична несреќа поврзана со снимање на видео за Тик-ток се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото. Во соседна Албанија познавачите гласно зборуваат забрани за користење на социјални мрежи конкретно Тик-Ток поради две самоубиства.

  • Тик ток е штетна апликација, особено за тинејџерите, зашто преку неа се промовира јазикот на насилство и омраза. Во земјава регистрирани се две самоубиства, токму поради оваа апликација, затоа таа под итно треба да се затвори. Како друштво пред една година побаравме од Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) да се затвори истата, но до денес немаме одговор“, изјави Вата гостувајќи во емисија на Euronews Albania.

Професорот Ацевски вели забраната можеби би имала ефект но досега нема анализи дали тоа би дало конкретни резултати.

  • Не верувам дека забраната ќе даде резултат, можеби краткотрајно, но имате и други програми на тие мрежи кои се користат во најразлични облици. Можеби ќе има резултати, но повторно се навраќам и потенцирам центарот е родителот и училиштето ако тие потфрлат резултатот ќе биде погубен“ вели професорот Илија Ацевски.

Загриженоста за влијанието кај најмладите од социјалните мрежи е глобален проблем. Македонската влада засега само најавува стратегии за дигитализација и за медиуми со кои во иднина би се регулира употребата на социјалните медиуми.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста