Тик ток – анестезиологот можно е 7 години да остане без лекарска лиценца

На тик ток анестезиологот од тетовската болница му се заканува одземање на лиценцата во времетраење од 7 години. Овој предлог го соопштија денеска од лекарската комора кои веднаш после велигденските празници се состанале и повеле постапка против тетовскиот анестезиолог, кој беше тиктокер и во живо си пренесуваше прегледи и активности во болницата. Етичката комисија констатирала дека Ваљон Девиши прекршил повеќе етички норми. Финалната одлука се очекува идната недела.

Тема е инцидентот во Клиничката болница во Тетово, каде што лекар во оваа здравствена установа, за жал, ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите, а со тоа го нарушил и угледот на нашата професија. Се одржа вонреден состанок и по деталната расправа, комисијата донесе одлука за поведување случај пред судот на честа. Пријавата е прифатена против Ваљон Девиши со предлог привремено одземање на лиценцата за работа“, рече Гривчева-Старделова.

Претседателката на комисијата вели дека лекарите требало одговорно и професионално да си ја вршат работата. Посочи дека највеќе што можеле да направат е да му ја одземат 7 години лиценцата, трајно одземање тие не можеле да направат, оти за тоа требало судска пресуда.

„Лекарот е обврзан да ја чува професионалната тајна. Изразуваме жалење и во име на целата струка им се извинувам на сите пациентки што лежеле во болницата. Судот на честа ќе заседава во најкус можен рок“, вели Гривчева-Старделова.

Претходно, судот му одреди осумдневен притвор на анестезиологот од тетовската болница, кој тајно ги снимал пациентите и ги објавил на социјалната мрежа „Тик-ток“.Тој беше отпуштен од работа.

Според кривичниот законик се предвидува и казна затвор од три месеци до три години за злоупотреба на службената должност.

Meри Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста