ТИГО: Ја заокружуваме 2022 г. со зголемено задоволство на клиентите, зголемен број на издадени кредити и значителен придонес кон социо-економската клима

Со заокружувањето на 2022 година, финансиското друштво Тиго Фајнанс соопшти дека ја завршува годината со зацврстена позиција на пиедесталот во небанкарската финансиска индустрија во нашата земја, од аспект на резултати од оперативното работење, клиентското искуство, препознатливост на брендот, како и социо-економското влијание врз домашната економија.

За период од 5 години, Тиго Фајнанс евидентира над 280 илјади одобрени кредити за подобрување на куповната моќ на стотици илјади граѓани коишто имале потреба од средства, со што компанијата не само што обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население, туку преку својата работа остварува и значаен придонес врз севкупната домашна економија. Имено, само во 2022 година, вкупниот придонес на компанијата кон државниот буџет по однос на ДДВ, социјални придонеси, данок на добивка, персонален данок и други даноци изнесува близу  82 милиони денари.

Уште еден фактор којшто е показател за социо-економското влијание на компанијата во 2022 се и големиот број соработки со партнер-компаниите и добавувачите, со што Тиго Фајнанс придонесува не само кон развојот на сите свои партнерски компании, туку и врз општиот развој на целата економија, врз зголемување на приходите и кон отворање нови вработувања.

Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти, како и преку градење взаемна доверба со клиентите, ја прават компанијата денес водечки „Top of mind“ бренд во Финтек индустријата, компанија со највисока лојалност од страна на клиентите и најпрепорачан бренд за брзи кредити, според истражувањето на агенцијата Рејтинг.

Во однос на задоволството на клиентите, како важен параметар кој финансиското друштво го следи и преку бројни интерни истражувања, Тиго Фајнанс ја завршува 2022 со највисоко ниво на задоволство на клиентите, односно високи 97% од клиентите го рангирале искуството со Тиго како исклучително позитивно. Големиот процент се должи и на континуираното вложување на компанијата во градењето на супериорно корисничко искуство, понуди кои се скроени да одговараат на потребите на клиентите, како и на високоразвиената технологија која овозможува брз, ефикасен и безбеден процес на апликација и исплата на средствата. Имено, изминатата година просечното време од апликација до исплата на кредитот во филијалите на Тиго било само 3.1 минута, додека во Контакт центарот и на веб-страницата на Тиго ова време изнесува помеѓу 9 и 10 минути. Интересен податок кој го потврдува задоволството на клиентите е и фактот што близу 70% од клиентите во 2022 повторно се обратиле во Тиго кога имале потреба од финансиски средства.

Во насока на проширување на достапноста на услугите на Тиго Фајнанс согласно барањата и потребите на клиентите, компанијата во 2022 г. продолжи со експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 7 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 36 филијали во 18 градови. Со тоа, компанијата дополнително го потенцираше својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.

Денеска Тиго Фајнанс вработува тим од над 150 професионалци чија посветеност е темелот и двигателот на успесите на компанијата, од кои 76% се во директен контакт со клиентите. Просечната возраст на вработените која е 31 годинa, потврдува дека Тиго вложува и во развојот на млади кадри, а во рамки на програмата за развој на компанијата, високи 68% од вработените за период од една година напредувале хоризонтално или вертикално во својата кариера во компанијата.

Од Тиго додаваат дека одговорното кредитирање и обезбедување на највисок степен на квалитет во грижата за корисници останува приоритет и во 2023-та година, но и пошироко во давање на придонес кон развој на економската и социјалната клима во државата.

Повеќе информации за услугите на Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста