Теодор Богоевски ја промовираше својата книга „Политичка партиципација на лицата со попреченост“

Промовирана книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ од м-р Теодор Богоевски, кое е токму лице со попреченост и инвалидитет, но тоа не го спречи да дојде до титула магистер со оцена 10.00 на магистерските студии. Богоевски се пожали дека во триденцениската независност на Македонија ниту едно лице со попреченост се уште не било на некаква висока политичка позиција во државава, нешто што спред него наредниот период морало да се промени.

Универзитетскиот професор Марко Кртолица, кој беше модератор на денешната промоција, кажа дека Тео бил еден од најдобрите студенти на правниот факултет „Јустнијан Први“ и поради тоа сосем очекувано и заслужено тој својот академски напредок ќе го продолжи на докторските студии.

-Досега во 31 година независност ние немаме ниту едно избрано лице, ниту именувано лице со попреченост, ниту во Парламентот, ниту Совет на град, општина, било каде. Лицата со попреченост се надвор од процесите на одлучување, надвор од институциите било по хоризонтала или вертикала. Јас затоа бев мотивиран овој магистерски труд, со желба да го најдам најефикасниот механизам преку кој лицата со попреченост, вклучени во процесите на одлучување, изјави Богоевски.

На настанот се обратија и претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, кои декларативно се заложија во иднина лицата со попреченост да водат важни институции во земјава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста