Тензии во Благоевград, закани до Мицкоски и пораки дека „Македонија е бугарска“

Србомани платени со српски пари да провоцираат во Бугарија, Македонија е Бугарска, фотографија од Цар Борис Трети веднаш спроти македонскиот култирен клуб. Ова се само дел од провокациите кои од Благоевград беа испратени кон Македонците кои присуствуваа на отворањето на „Никола Вапцаров“. Навредите кон Македонците започнаа уште на влезот на Благоевград, каде беше поставена парола дека Македонија е бугарска, а продолжија и по официјалното отворање на клубот, при што дојде до вербален судир меѓу оние кои протестираа и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, бидејќи според нив тој не смеел да биде тука.

Мицкоски од Благоевград порача дека неговата посета тука е со цел да се изрази поддршка за Македонците од Бугарија.

Во Благоевград денеска протест организираше ВМРО БНД, предводен од бугарскиот евроамбасадор, Ангел Џамбаски. Тој пред официјалното отворање се појави и пред ,,Никола Вапцаров”, порачувајќи дека не смеело да се дозволи отворањето на овој клуб, бидејќи бил жестока провокација од македонска страна.

Македонците од Бугарија пак со надеж дека овој клуб ќе ги зближи двата народи, но и надеж дека нема да биде оштетен од страна на незадоволните Бугари. Првиот човек на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, изрази жалење што премиерот Димитар Ковачевски и никој друг од Владата не се одважил на поканата да присуствува на отворањето на клубот.

Разочарност и кај сите други Македонци од Бугарија. Не очекуваат никаква поддршка од сегашната македонска власт.

На поканата да дојде во Благоевград не се одважи ниту македонскиот претседател Стево Пендаровски. Но од неговиот кабинет барем имаше присутен на отворањето на клубот, шефот на неговиот кабинет Миле Бошњаковски. Но тој не сакаше да одговора на новинарски прашања, туку само кажа во која улога е дојден.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста