Текстилците предупредуваат дека во нивната индустрија може да има манипулации со К-15

По празниците ќе биде позната бројката колкав е бројот на работодавачи кои успеале да го изиграт законот и на работниците не им поделиле регрес за годишен одмор. Дупките во законот се причина за  некој работници к-15 да добијат и во висина од само 100денари,објаснуваат од штипското здружение Гласен ттекстилец.

  „Законски работодавачите исплаќаат и по 100денари. Зошто е тоа така? Зошто намерно е оставена дупката во колективниот договор каде се вели доколку фирмата има економски потешкотии може да исплати и пониска сума од предвидената сума. Секоја година согласно порастот на просечната плата се покачува и сумата за 5-15. Меѓутоа тоа во случакот не значи ништо. Тие немат наведено која е минималната сума„-изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Анализите на Гласен текстилец укажуваат дека колективните договори кои се потпишуваат не ги доволно штитат работничките права. Како пример го посочуваат колективниот договор во текстилната индустрија.

„Околноста која предвидува неплатена прекувремена работа на работник во текстилната индустрија во случај кога работодавачот ќе утврди дека работникот не ја исполил нормата и заради спасување од отказ ваквиот работник би можел на еден начин бесплатно да работи , што за мене е првен нонсенс„-изјави Трајче Ристов-автор на анализата.

До Уставениот суд, Гласен текстилец ќе покрена иницијатива  за да се утврди колку колективните договори се еднакво исти за сите работници

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста