Текстилните работници бараат повисоки плати, газдите помош од државата за високите сметки за струја

Државата да ги огранични маржите на производителите на струја, во спротивно на многу компании им се заканува клуч на врата, алармираат од Организацијата на работодавачи.За бизнис секторот вистинско олеснување ќе биде доколку цената за мегават час не надмине 300евра,за разлика  од јули и август, кога мегават час достигна цена и над 500евра.

-Финансиски стабилни компании кои имале во минатото созддале големи финансиски резерви може да издржат уште пет до шест вакви месеци. Но компаниите кои секој месец земаат кредити или едвај чекаат да дојде приливот и да ја земат платата…тие, таквите компании ќе имат големи проблеми. Најголемото прашање е дека никој не знае до кога ова ќе трае, никој не знае кога ќе заврши Украинската војна„-Ангел Димитров-Организација на работодавачи.

Инвестирање во обновливи извори на енергија, е ставот кој го делат и експертите и работодавачите, кои денес во рамки на шестатта по ред Текстилијада заедно со граѓанските активисти бараа модел за како полесно  се помине кизата 

-Енергетската криза е за сите сектори. Компаниите кои имаат добра пракса, штедат енергија, имаат енергетски ефикасни објекти, имаат продуктивен систем на работа, вложуваат во обновливи извори на енергија или инвестирале во смарт објекти тие ќе поминат подобро. За да обезбедат повисоки плати работодавачите мора да најдат поефикасен систем на менаџирање на вработените. Ова не е прва криза, не е ниту прва енергетска и затоа оние што се најбрзи во преземањето мерки ќе преживеаат, изјави Јоханес Хајдекер

-Ние како работодавачи ако ги планиравме работите однапред, немаше да дојдеме до оваа ситуација. Фотоволтаици почнавме да градиме откако почна да се јавува кризата„ изјави Венцо Филипов, сопствник на компанија.

  Кризата силно ќе го погоди работникот. Потребни се конкретни решенија, а не популистички мерки, посочуваат од Гласен текстилец

-Како граѓанска организација од 2020 следиме мерки, даваме предлози, но треба да има слух и од другата страна , а вака со популизам не одиме никаде. Тие популистички мерки кои во моментот не ги ни гледам, нема да не доведат никаде- изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Во рамки на Текстилијада денеска беше промиварана и „Работничка клупа„-уметничко дело кое симболизира дека и работниците имаат право на одмор. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста