Татко функционер, син бизнисмен – и синот на Ахмети влегува во производство на струја

Татко функцинер, син бизнисмен. Се шири листата на роднини на политичари кои влегуваат во бизнисот со струја. Последен во низата е синот на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се работи за Шкумбин Ахмети, инаку архитект по професија кој дипломирал на тетовскиот универзитет и барем досега не покажал некаков интерес за политика. Тој веќе регистрирал фирма за производство на електрична енергија во Македонија.

Како што објави порталот Фактор, тој е одговорно лица на друштво за производство, трговија и услуги, како и сопственик на претпријатието за консалтинг, посредување, проектирање и инженеринг кое го извршило уписот со седиште во Зајас.Засега останува непознато од кој извор и на кој начин новореггистрираната компанија ќе произведува струја.

Енормно доходовниот бизнис со производство на струја, особено кога цените ги рушат рекордите во време на енергетска криза стана како магнет за децата на функационерите.

И синот на поранешниот премиер Зоран Заев, кумашинката, како и неговиот брат и татко последниве години влегоа во бизнисот со електрична енергија. Заев ја потврди информацијата дека неговиот штотуку полнолетен син ќе продава струја од фотонапонски централи.

За големите профити што се прават во производството на електрична енергија се заинтересира и сопругата на премиерот Ковачевски. Таа се води како ко-сопственик на компанија којашто сака да гради соларна електрана во Радовиш. Ковачевски истакна дека во тоа не гледа ништо спорно. Според него, нема судир на интереси, бидејќи секој имал право да инвестира во државава. Упати на тоа дека се работи на јавно достапен податок, кој тој самиот го објавил во неговиот анкетен лист, кога стапил на функцијата премиер.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста