Таравари веќе не го „дијагностицира“ Ахмети – Влегувањето во Влада се поизвесно

Таравари веќе не го дијагностицира Ахмети. Ако во минатото неврологот и градоначалник на Гостивар сметаше дка лидерот на интегративците има „вистински здравствени проблеми“, сега тој ја смени реториката. Вели, Ахмети не бил негов пациент, па не можел да коментира.

„Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам“, рече вчера првиот човек на Алијанса за Албанците.

За Таравари ова е ново размилсување. Тој досега сметаше оти Ахмети има „вистински здавствени проблеми“ и му посакуваше што поскоро да се пензионира.

По вчерашаната средба со Ковачевски, Таравари вели дека шансите за влез на Алијанса во владата се големи. Според него треба да се даде шанса за евентуално да се направи парламентарно мнозинство од 80 пратеници. Тој истакна дека овие денови ќе се допрецизира нивната стратегија, а понатаму ќе се разговара и за кадровски прашања.

За потенцијалниот влез на Алијанса во владата, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, смета дека на владината коалиција и преостануваат најмногу 10тина месеци и му е нејасно, тие кои сакаат да влезат во Влада, што очекуват дека ќе постигнат за толку кратко време.

  • „Оваа нова коалиција, јас повќе ја поистоветувам со политичка естрада во која што овие политичари кои што влегуваат во оваа естрадна владина коалција, имаат само една цел, а тоа е да задоволат неколкумина околу себе, да наместат уште неколку тендери, за да можат да го пљачкаат народот. Таму нема капацитет за реформа, затоа што јас такво нешто не видов изминативе 5 и половина години откако СДСМ е влада “

Инаку, најновите пресметки покажуваат дека влезот на Алијанса ќе значи оти Албанците ќе имаат три министерства повеќе од Македонците, а дел од нив и во клучни ресори. Во рацете на ДУИ веќе се финансии, економија и надворешни работи, а новиот владин партнер се очекува да седне во раководното столче на министерството за здравство.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста