Судот во Стразбур пресуди дека има дискриминација на Ромите во штипското училиште „Гоце Делчев“

Општина Штип бара начин како да ја исправи грешката со учениците од ромската заедница. Поради формирање на чисти ромски паралелки во ООУ„Гоце Делчев„ Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пресуди дека се врши сегрегација на овие ученици. За да се надмине ситуацијата, општинските власти ќе прават нова реонизација, со што ќе се овозможи распределување на учениците Роми и во другите основни училишта во градот.

Конкретни активности од овој Акциски план се донесувањето на Акт за нова реализација за основните општински училишта, што би значело нова распределба на реоните во грдот со што би се добило ново оптинално и правилно распоредувње на учениците. Посебно би се очекувало опфат н деца од македонска нционалноство “Гоце Делчев„ и деца од ромска националност во остантите општински училишта„ рече Снежана Санев, раоводител на Одделението за образование.

Токму непочитувањето на реонизацијата при упис на првачињата, на училиштето „Гоце Делчев„ му донесе тужби за сегрегација. Дискриминација има, но не по волја на раководство. Причина е големата разлика во соодносот, бидејќи 60% од новозапишаните се Ромчиња. Згрижувачки е и фактот што родителите Роми доцнат со уписите. Во септември веќе се формирани паралелките и единствено што останува новозпишаните ученици да завршат кај иста учителка.

Донесено е пресуда дека државата е виновна бидејќи самиот закон на еден начин продуцира сегрегација. Во законот е пропишано да се почитува реонизацијата, меѓутоа од друга страна на родителите не може да им се ускрати правото да го запишат детето во училиштето за кое мислат дека е најдобро“, рече Санева.

Минатата година за родителите ја избегнат реонизацијата и првооделенците  не ги запишат во училиштето“Гоце Делчев“ ја менуваа и адресата на живеење.

Инаку постапка за докажувње на сегрегација ја покренаа триесетина ромски семејства од Штип и Битола. Сега учениците треба да завршт шестто одделение во чисти ромски паралелки, а на семејствата државата да им исплати 45.600 евра.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста