Студентските стипендии доцнат 4 месеци, субенционрањето на оброкот еден – Шаќири  си најде оправдување

Доцни исплатата на студенски и ученички стипендии за четири месеци, а доцнат и средствата за субенциониран студентски оброк. Двете исплати почнале на 27 јануари. Таа за студентскиот оброк е за месец декември односно им  дадена на студентите без малку, 30 дена подоцна. Со стипендиите пак е уште полошто. Доцнењето е уште од окотомври, значи цели 4 месеци.

Минатата академска година беа исплатени стипендиите на крај на октомври, сега доцнат за тие што продолжуваат . Ние започнуваме  летен семестар, а денес дури треба да добиеме резултати за стипендии. Многу пати ни дадоја ветувања и не ни ги исполниа . Моментално ја чекаме исплатата за студентски оброк , за декември а по Закон треба секој први да добиваме пари за претходниот месец, што значи дека утре треба да добиеме средства за февруари , вели за АЛФА Кристијан Димков од Студентски отпор.

Првиот човек на Министерството за образование пак, се правда дека исплатите доцнеле заради работењето на програмата за студентите.

Нема да има застој во трансакциите на стипендиите, исплатата е поврзана со програмите за  ученички и за студентски стандард кои поминаа на седница на Владата пред две недели и почна процесот на обработка на податоците. Од петок, вчера, денеска, утре, секој ден има реализација на стипендии на корисници од претходната година, рече Јетон Шаќири Министер за образование

Студентите реагираат и на измените на Законот за субвенциониран студентски оброк . За нив парадоксално е тоа што ќе се ограничуваат да купуваат храна само на одредени места во округот на факултетот каде што студираат, и проблем е што не може да се купува на исто место два пати . Доколку еден студент не ги искористи парите во текот на денот, тие му пропаѓаат.

Студентите пред три месеци се кренаа на нозе кога Власта имаше обид да го скрати Студентскиот оброк. Тогаш владините претставници седнаа на маса со студентите и договорија дека до март ќе се исплаќа сумата од 120 денари, а од март ветија поголема сума.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста