Струја ќе го „изгори“ Охридското езеро- нивото на водата се спушта до минимално дзволената кота

Нивото на Охридското езеро се спушта до минимално дозволената кота,граѓанските активисти со апел до ЕСМ да се затворат испустите на Дрим во Струга, бидејќи водата во езерото значително е намалена. Според последните мерења,нивото денес изнесува  693.22 метри надморска височина што е на само 5 сантиметри до неговата природна кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина. Проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици, наметнатите осцилации на езерото се опасни. Експертите и граѓанските активисти со години наназад укажуват дека проблемот лежи во нерегулираниот истек на водата од Охридското езеро.

Изјава Димче Мајковски-З.Р.Р ”Св.Апостол Петар”: И тоа да се направи со правилен електронски инспуст на Дримот во Струга, кој автоматски кога ќе дојде поголема количина вода во езерото,автоматски ќе се спушти браната а кога ќе се намали ќе се крева.Ова е со цел да се искористи водата за производство за електрична енергија, меѓутоа да се прави штета на езеро кое е заштитено од Унеско е греота и срамота, изјави Димче Мајковски- З.Р.Р „Свети Апостол Петар“.

ЕСМ не смее Охридско од природен резерват да го претвора во акумулационен базен.Од почетокот на месец март па се до јуни, нивото на езерото алармантно се покачува некогаш и за критични 86 сантиметри над дозволениот максимум,а само 4 месеци подоцна тоа нагло се празни. Големи површини од езерското дно остануваат суви како сега,предизвикувајќи изумирање на голем број ендемични растителни и животински видови.

-Со оглед на тоа дека ние не можеме секаде да застанеме,значи нивото на езерото е злоупотребено од страна на надлежните кои би требало да се грижат за нивото на езерото ,а стално е под минималата,веројатно за потребите на хидроценралите кои што се наоѓаат на реката Црн Дрим, изјави Зоран Ангелоски- капетан на пловило.

Од ЕСМ тврдат дека уделот на Охридското езеро во производство на електрична енергија во моментов е 1 %.Планирале да се направи автоматски систем за испусната брана на Дримот во Струга,ама тоа не можело да се реализира бидејќи не бил финализиран меѓународниот договор со Албанија за редефинирање на минималната и максимаална кота на Охридското езеро. Требало да се договорат и со Општина Струга за изгледот на објектот кои би се направил,да не го нарушел афтентичниот историски дизајн.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста