Стружанец искасан од глутница кучиња скитници – шест години не може да наплати отштета, правдата ќе ја бара во Стразбур

Длабоките лузни од отворените рани кои ги имал по целото тело сведочат за ужасот низ кој поминал 64 годишниот стружанец Драган Пејоски, кој во 2016-та бил нападнат од глутница кучиња скитници. Луѓето кои до сега биле жртви на бездомните кучиња не се добројуваат, вели Пејоски кој гневен бидејќи општина Струга не превзела ништо за да го реши овој деценски проблем, одлучил да ја тужи општината односно општинското јавно прептријатие “Комунално” и го добил спорот.

Во правосилната пресуда од 25.02.2016-та стои дека “Комунално” за надомест на штета треба да му исплати сума од 152.000 денари. Од тогаш изминаа цели 7 години, но Пејоски не може да ги добие парите од јавното претпријатие, нити преку судски извршител бидејќи жиро сметката на претпријатието со децении е блокирана.

Немаме пари вика, дали треба да си партиски војник за да ги наплатиш, или што е поентата не знам. До денес никој нема добиено пари. Имаше случаи после мене што ги нападнаа и тие немаат наплатено, баш контактирав. Никој не се грижи  за тие кучиња, сите си ја префрлаат топката едни на други.

Надлежноста за бездомните кучињагратскиот Совет ја има префлено на јавното комунално претпријатие кое не е способно да превземе дејствија, бидејќи нема стручни лица. Дополнително,надлежноста за кучињата смислено е префлена на “Комунално” за да се избегне обесштетување на граѓаните кои ја тужат општината.

Страшно е во Струга поготово е страшно да Ви кажам и за дечињата ни е страв да ги пуштиме на школо сами да одат. Одиме со кола ги носиме, со кола ги враќаме сите родители. И пред неколку дена сега одејќи за дома ме нападнаа пак, ама среќа убаво поминав. Се пикнав во едно комбе и ме донесе до дома шоферот беше љубезен и така се куртулив.

И додека од општина Струга уверуваат дека подготвиле проект за прифатилиште на бездомни кучиња, а ангажирале и овластени лица од кумановска ветеринарна клиника да ги заловува кучињата скитници – Пејоски кој сеуште се бори со стравот и траумите кои ги доживеал,вели ангажманот на општината не е видлив,агресивни кучиња скитници има зад секој агол.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста