Струга не го решава проблемот со кучињата скитници кои напаѓаат луѓе, стружани решија сами да се справуваат

Десет годишно дете,жртва на кучињата скитници во Струга- со отворена рана на десната страна од грбот тоа е примено на хируршкото одделение во болницата.Бидејќи избезумени родителите не го пријавиле,овој случај го нема во полицискиот билтен, но има други два.Вчера бедомните кучиња нападнале 39 и 61 годишен жител на Струга. И ова не се изолирани случаи,стружани се жртви на глутници кучиња кои секојдевно напаѓаат,градот врие.

Оваа локва крв пред скалите на гратскиот пазар е од искасапена жена која пред две дена беше нападната од глутница кучиња. Ова предизвика проблемот со бездомите кучиња да ескалира до таа мера, што сред бел ден во раните утрински часови две лица со огнено оружје убивале кучиња низ градот.Чинот наиде на осуда кај здружението Анима Мунди.

“Денес жителите на градот Струга се разбудија повторно со истрели и повторно со жртви од страна на двајца монструми.За нешто помалку од 24 часа се убиени повеќе од дваесетина бездомни кучиња и се повеќе е очигледно дека убијците немаат намера да сопрат а Министерството за внатрешни работи очигледно е незаинтересирано и неспособно да се справи со каубојците во Струга.”

Младите граѓански активисти од Струга со апел со надлежните институции но и сограѓаните да ги смират страстите, бидејќи со оружје не се решава ништо,но и дека  човечките животи не се помалку вредни од бездомни кучиња кои демнат и напаѓаат.

И ние како невладин сектор се обидовме преку ваквата акција да дадеме придонес и кон општественото делување, меѓутоа и кон будење на свеста и кај нашите сограѓани и кај институциите за решавање на проблемот со кучињата бидејќи и резилтатите кои што ги имаме за тоа колку граѓани се каснати од нив или колкав е бројот воопшто на килиња скитници во Струга е алармантен.

Од 2019-та година до денес привавени се 73 случаи од напад на куче, вели полицискиот портпарол Стефан Димоски. Тој кажа дека 62 годишник од село Ливада се сомничи дека вчера во период од 6.4 до 07.15 сред Струга со огнено оружје усмртил 7 кучиња  скитници. Прашања е дали тој е единсвениот сторител, бидејќи на фотографиите кои кружат на социјалните мрежи јасно се гледа дека станува збор за млади лица. Но дискутабилна е и бројката на нападнати и искасани граѓани бидејќи многу и не ги пријавуваат случаите. Колку што е ужасна сликата на отворена рана кај секој шот бил жртва на бездомно куче, толку е застрашувачка и сликата од убиените кучиња.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста