Сто и шест години од раѓањето на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров

Денеска се навршуваат 106 години од раѓањето на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров. Тој беше најстариот македонски политички функционер. Како политичар, во рамките на поранешната југословенска федерација ги вршел сите значајни функции, вклучително и претседател на сојузното собрание на сфрј, од 1974 до 1978 година.

Во 1991 година ја предводеше македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната социјалистичка федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите Нации кога Република Македонија стана 181. Членка на ОН. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста